has gloss | mkd: Лав (Panthera leo) е еден од четирите големи мачки од родот Panthera, и член на семејството Felidae. Некои машки примероци надминуваат 250 kg (550 lb) во тежина,[4] со што лавот е втора најголема мачка која живее на земјата по тигарот. Диви лавови живеат слободно во природата во Суб-Сахарска Африка, и во Азија со критично загрозена популација во северо-западна Индија, а во минатото лавови живееле во Северна Африка, Блискиот Исток, и Западна Азија. Се до доцниот Pleistocene, кој траел до пред 10,000 години, лавот бил најраширен копнен цицач по човекот. Тие се најдени во поголем дел од Африка, голем дел од Евроазија од западна Европа до Индија, и во Америка од Јукон до Перу. |